На денешен ден 1941 година во Белград, Политбирото на КПЈ на чело со Јосип Броз Тито носи одлука за вооружено востание на народите на Југославија против фашистичкиот окупатор.

Ваквата одлука е исход од претходниот напад од страна на Третиот Рајх на СССР, при што по донесената одлука на Политбирото, Централниот комитет на КПЈ објавува и проглас за антифашистичко востание до сите народи и народности, прогласот е потпишан од Иво Лола Рибар.
По оваа историска одлука следеле првите битки: на 7-ми јули избувнало востание во Србија, на 13-ти јули во Црна Гора, на 22-ри јули во Словенија, на 27-ми јули во Босна и Херцеговина и Хрватска и на 11-ти октомври во Македонија.
Во Македонија востанието го крена Прилепскиот партизански одред на 11 Октомври.
StrugaOnline
Facebook Коментари