4-ти јуни, прв ден Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани

- Македонија
639

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен  весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 4 јуни 2019 година (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

 Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

Facebook Коментари