Лев банер Десен банер

48 нови случаи на ковид 19, во Струга 1 починато лице

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 1.192 тестови, а регистрирани се 48 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 42, Кавадарци – 3, Гостивар – 2 и Прилеп – 1. Од вкупниот број на позитивни (48), регистрирани се 7 реинфекции.

Регистрирани сe 253 оздравени пациенти од: Скопје – 169,  Куманово – 17, Битола и Прилеп – по 13,Кавадарци – 10, Гевгелија – 5, Струмица – 4, Тетово, Ресен и Виница – по 3, Велес ,Гостивар  и Кочани – по 2, Кичево, Неготино, Радовиш, Валандово, Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа,  се регистрирани две починати лица  од: Струга (64г) и Прилеп (63г) , сите лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, односно двајца, кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.955.058 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.114, бројот на оздравени пациенти е 294.072, на починати е 9.208, а бројот на активни случаи изнесува 1.834.
Во Струга моментално има 8 активни случаи на ковид 19.

error: