Лев банер Десен банер

517 нови случаи на ковид 19, 72 од нив се реинфекции

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 517 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 261, Битола – 31, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес – по 22, Куманово – 18, Тетово – 16, Кичево – 14, Гостивар и Штип – по 13, Охрид – 12, Крива Паланка – 11…

Од вкупниот број на позитивни (517), регистрирани се 72 реинфекции.

Регистриран сe 1.022 оздравени пациенти од: Скопје – 557, Тетово – 51, Велес и Куманово – по 45, Струмица – 32, Прилеп – 31, Кавадарци – 30, Охрид – 26, Гостивар – 25, Неготино – 21, Битола – 20, Кичево – 19, Дебар – 15…

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (65г, 72г, 83г и 86г) и по едно починато лице од Струмица (78г), Кавадарци (42г), Македонски Брод (45г), Штип (81г) и Гевгелија (65г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (1), Струмица (1), Крушево (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 72г. до 79г. Лицата за починати се пријавени во период од 18.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 2 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.883.560 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296.229, бројот на оздравени пациенти е 282.604, на починати е 8.981 а бројот на активни случаи изнесува 4.644.

error: