Лев банер Десен банер

518 нови случаи на ковид 19, во Струга 20

Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кочани – 5, Прилеп и Берово – по 4, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 31 оздравени пациенти од: Скопје – 13, Куманово – 6, Гостивар – 5, Тетово – 4, Струмица – 2, Битола – 1.

Пријавени се 4 починати лица: 2 од Скопје (71г и 88г), по еден од Тетово (75г) и Дебар (67г). Починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.028.102 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581.

Во Струга има 56 активни случаи на ковид 19.

error: