56 лица во земјава не ја почитувале забраната за движење

- Македонија
550

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот 15/16.04.2020 година, по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 56 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 36 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

извор: МВР

Facebook Коментари