6 нови случаи на ковид 19, нема починати лица

- Македонија
353

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

· Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19 од:

Скопје – 3, Тетово, Струмица и Берово – по 1.

· Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Куманово – 2, Велес, Струмица и Кичево – по 1.

· Не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 877.123 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.

Facebook Коментари