9 лица во Струга се казнети поради неносење маски

- Македонија
458

Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 47 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 20, Струга 9, Кичево 17 и Дебар 8).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 97 контроли во угостителски и други објекти. Во времето од 22:00 до 05:00 часот, за време на полицискиот час, на подрачјето на СВР Охрид регистрирани четири лица (Охрид 1, Струга 2 и Кичево 1) кои не ја почитувале забраната за движење односно на ограничувањето на движење од 22 до 05 часот, со цел спречување на ширењето на вирусот COVID-19. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари