9-ти мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

- Македонија
490
Денеска  се одбележува Денот на победата над фашизмот. Со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, на 9 мај 1945 година беше ставен крај на Втората светска војна.

Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ.

По повод денешниот ден Владата на Република Македонија денеска организира свечено одбележување на овие два значајни празника, со кои ќе се оддаде почит на хероите кои учествуваа во антифашистичката борба.

Од владината прес – служба соопштија дека  делегации на покана на Владата, ќе положат цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на „Ослободители на Скопје“ пред Владата, каде ќе има обраќања од претставниците на делегациите.

Facebook Коментари