Согласно Пржинскиот договор и законите произлезени од договорот, министер стана досегашниот заменик Агим Нухиу. Досегашниот министер Оливер Спасовски му ја предаде позицијата со што Нухиу стана прв Албанец, член на ДУИ.
По поднесувањето на извештајот за завршувањето на изборите од страна на Државната изборна комисија, завршува и мандатот на министрите и дополнителните заменици на министрите што беа назначени како дел од договорот од Пржино. Тоа значи дека од денеска Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Оливер Андонов како дополнителен заменик-министер, Фросина Ременски, министерка за труд и социјала, дополнителниот заменик-министер Диме Спасов, Љупчо Николовски во Министерство за земјоделство и Александар Кирацовски во Министерство за администрација и информатичко општество веќе нема да бидат на функциите.
На нивно место треба да дојдат регуларните заменици на министрите – во МВР Агим Нухиу, а во труд и социјала Ибрахим Ибрахими.
Извор: Охрид 24
Facebook Коментари