Лев банер Десен банер

Ако патувате во Албанија ќе мора да бидете во карантин две недели

Албанија од денеска воведува двонеделен карантин за сите кои влегуваат на нејзина територија од Македонија и од Грција.

Таква одлука вчера донесе Комитетот на експерти за справување со пандемијата и истата ќе биде во сила до трети мај.

-Несомнено, ефектот од масовната вакцинација во нашата земја почна да се чувствува. Но она што се забележува во регионот е поразличната ситуацијата од нашата земја, кај нашите соседи. Во Северна Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите, изјави Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство.

error: