Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на Македонија Пат.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Прекин на сообраќајот има на следните патни правци: Валандово – Стар Дојран, Велес – Скопје од наплатна станица „Отовица“ до Кула, регионален пат Тетово – Јажинце кај с.Јажинце, пат А-3 Штип -Кочани поточно од с. Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ и патниот правец од Штипсака петља до Катланово целосно е затворен.
Facebook Коментари