Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.
На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува преку градот Битола.
Извор: АМСМ
Facebook Коментари