Бектеши: Се ограничува трговската маржа за основните прехранбени производи

- Македонија
597

Владата на денешната седница донесе одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи, во трговијата на големо и мало.

 Одлуката ќе почне да важи од утре, пообјавувањето во Службен весник, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

– Почнувајќи од утре заклучно со 30-ти септември оваа година за бел леб сечен на парчиња или цел, бел шеќер и сончогледово масло за јадење се утврдува трговска маржа во висина од 5% во трговијата на големо и мало, а за брашно од пченица тип 400 и 500, макарони, шпагети од тврда пченица, бел ориз и млеко се утврдува маржа од 10%, истакна Бектеши.

Дополнително на ова во делот на формирање на цени, до крај на годината нема да се пресмететуваат никакви дополнителни оперативни трошоци и нема да се одобрува ни рабат, ни надоместоци на секој трговец на мало кој ги плаќа трговецот на големо или производителот.

Бектеши рече дека нема да има дополнителни трошоци за производителите и увозниците на основни прехрамбени производи врз основа на договори што ги прават меѓу себе во дел на рекламирање и позиционирање на прозиводите во маркетите.

Министерот потенцира дека ако во случај пазарниот инспекотрат и другите надлежни институци да забележат нагло зголемување на цените и на други производи, листата ќе биде проширена, ако е потребно и на дневна база.

Бектеши убедува дека ситуацијата ќе се следи и нема да дозволат да се направи голем профит на грбот на граѓаните.

Извор: Ohridpress

фото: архива

Facebook Коментари