
На 06.11.2023 година околу 19.30 часот, во СВР Охрид приведен е Д.Т.(45) од Охрид кој претходно, бил затекнат при извршување кражба во продажен објект лоциран на булеварот „Туристичка” во Охрид. Продуктите што тој ги присвоил, со потврда се одземени и вратени на сопственикот на објектот и по целосно документирање на настанот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.11.2023 година во 10.38 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, И.Х.(59) од охридското село Лескоец, кој изведувал градежни работи на куќа во охридското село Рамне, паднал и починал. Увид на местото на настанот извршија полициски екипи а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина при Општата болница во Битола каде, е извршена обдукција.
На 06.11.2023 година во 21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на кеј „Македонија” бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.Б. врз С.Т.(53), двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари