На 11.04.2023 во 14.15 часот во ОВР Струга, Х.Т.(27) од струшкото село Ложани пријави дека на улица „Владо Малески“ во Струга бил каснат од куче скитник.
На 11.04.2023, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа П.П.(40) од струшко село затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Ц.(44) од струшкото село Октиси поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Тој, на 05.03.2023 со употреба на копија од клуч влегол во домот на Т.М.(62) од истото село и одзел 5700 евра и 800 швајцарски франци. По преземени мерки од полициски службеници, парите биле пронајдени и вратени на оштетената.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари