Битиќи: Преку инклузивен процес работиме на политики кои ќе носат развојна и одржлива економија и создавање на нови работни места за граѓаните 

- Македонија
509
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска одржа прес-конференција.
Toј претходно вети борба за секое работно место во време на корона-криза, а денеска потврди дека таа борба ќе ја продолжи и понатаму.
„Денеска, повторно од оваа говорница, сакам да повторам дека таа борба ја продолжувам, свесен дека работните места не се бројки, туку човечки животи и судбини.  Уште во првите денови од мандатот се посветивме на креирање развојна и одржлива економија, која носи предвидливост за стопанството и стабилен раст и развој. На тој начин создаваме можност за креирање нови работни места и нови можности за вас граѓаните. “ – рече Битиќи
На прес-конференицјата,  најави период на трансформација и европеизација на нашата татковина и ги повика граѓаните да се вклучат во тие процеси и да се креира платформа  за економски развој на државата, во која ќе бидат вклучени сите чинители во општеството.
– Синдикатите и работодавачите,
– Стопанските комори и
– Експертите кои ја сакаат оваа држава
,,Во овој мандат оваа Влада ќе ја покаже љубовта за државата на дело преку намалување на сиромаштијата под 16%, инвестирање во човечкиот капитал и отворање на нови работни места како и намалување на невработеноста на едноцифрен број, борба со сивата економија, економски раст од 4%, развој на иновативни и нови технологии со цел да станеме регионален старт ап центар, дигитализација на општеството и  влог во младите.“ -вети Битиќи
Тој  најави формирање Централна единица за поддршка на јавните инвестиции на владино ниво, која ќе обезбеди експертиза за реализација на капиталните инвестиции.
,,Преку мојата координативна улога на економските ресори посветено ќе работам на трансформација на нашето општество во едно општество за сите, во кое борбата со сиромаштијата и кризите ќе е заедничка и на сите јазици, во кое сите ќе гледаме кон зелената дигитална самоодоржлива иднина без да се занимаваме со старите деструктивни однесувања кои не разделуваат. “-рече за крај заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања.

Facebook Коментари