Цената на акцизата за нафтените деривати во Република Северна Македонија се зголемува за три денари. Оваа уредба со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба денеска ја донесе Владата како мерка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот Ковид-19.
Владиниот портпарол Мухамет Хоџа на денешната прес конференција изјави дека Приливот на средства од зголемувањето на акцизата за горивата ќе заврши во буџетот на Република Северна Македонија предвиден за справување со кризата од коронавирусот.
„Уредбата е донесена за да се ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со корона вирусот и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби“-додаде Хоџа.
Facebook Коментари