Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 се зголемува за половина денар

- Македонија
1185

Според најновата  одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 се зголемува за половина денар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и на еуродизелот останува иста.

Следствено на тоа, литар 95-ка и дизелот и натаму чинат 62, односно 48 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар за литар, а мазутот М-1 НС се намалува за 0,204 денари по килограм и тој ќе се купува по цена од 23,993 денари.

РКЕ информира дека со новата одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,25 проценти во однос на рафинериските и малопродажните цени утврдени на 8-ми август.

Facebook Коментари