Денес е првиот ден од пролетта и ќе имаме прекрасно сончево време

- Македонија
879

 

Пролетта на северната хемисфера почнува денеска во 11:20 часот. Во исто време на јужната хемисфера ќе настапи есента.

Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 18 минути по полноќ, а ќе зајде во 10 часот и 16 минути.

На првиот ден од пролетта времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, повеќе застапена во југозападните делови. Ќе дува слаб ветер од променлив, а во источните делови слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла воздушна маса, што ќе предизвика времето да биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Повеќе облачност ќе имa во четврток, кога ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во западните делови.

Извор: УХМР

Facebook Коментари