Денес сончево со слаб до умерен северен ветер

- Македонија
820

Денес времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.

Утрото ќе биде студено со утрински температури од -3 до 4 степени, додека дневните температури ќе бидат во интервал од 9 до 18 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време, до среда ведро, што ќе услови на места утринските температури да бидат негативни. Дневните температури ќе бележат пораст. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од четврток облачноста повремено ќе се зголемува, а од петок можен е и слаб локален дожд.

Facebook Коментари