Денес започнува Зимскиот поетски фестивал во организација на Струшки вечери на поезијата

- Македонија
887

Денес Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ го започнуваат вториот по ред Зимски поетски фестивал, во кој четири поетски имиња од Европа и Македонија ќе се претстават со свои стихови: Ласе Содерберг од Шведска, Хабиб Тенгур од Алжир, Хасан Зактан од Палестина и Иван Џепароски од Македонија.

Свеченото отворање ќе биде во салата „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 20.00 часот.

Facebook Коментари