Денеска ќе биде најтешкиот ден, ќе бидат погребани загинатите во пожарот во Кочани

- Македонија
116

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во село Облешево, додека погребите на други места од каде што има починати ќе бидат во различни временски периоди.

Штип ќе се прости од петмината загинати во пожарот во дискотеката во Кочани, граѓаните на Пробиштип ќе се простат со тројцата свои сограѓани, членовите на бендот ДНК кои починаа во пожарот ќе бидат погребани денеска во Скопје и Струмица.

StrugaOnline

Facebook Коментари