24 мај е познат како Ден на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј.
Кирил и Методиј се основачите на првата словенска азбука-глаголицата. Денот на македонските светители е прогласен за државен празник и е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Овој празник, во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Света Богородица во Скопје. 24 мај е избран поради тоа што токму на тој датум започнала Моравската мисија.
Традиционално на овој празникот во Македонија секоја година се доделуваат награди, се одржуваат концерти и културни настани
Во Охрид, градот-лулка на словенската писменост и култура, традиционално се одржуваат повеќе свечености.
Централната свеченост за одбележување на Денот на сесловенските просветители во организација на Општината започнува пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во градскиот Парк. Бројни граѓани, просветни и културни дејци, ученици и претставници на јавниот и политичкиот живот од општината доаѓаат да оддадат почит преку полагање на цвеќе на споменикот.
Од 60-тите години на минатиот век, овој празник традиционално секоја година се одбележува во Рим со посета на државна и црковна делегација од Македонија која се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во црквата Сан Клементе.
Facebook Коментари