Денеска се одбележува светскиот ден на бубрегот

- Македонија
438

Светскиот ден на бубрегот – 10 Март, посветен на истакнување на важноста на здравјето на бубрезите, годинава се одбележува под мотото „Да се надминат непознавањата за да се зачува функцијата на бубрезите”.

Се проценува дека бубрежните болести погодуваат над 850 милиони луѓе ширум светот. Еден  од 10 возрасни има некоја форма на хронично заболување на бубрезите. Во глобални рамки ХББ (Хроничната бубрежна болест) секоја година расте и се предвидува дека во 2040 година ќе биде петтата болест како причина за смртност на годишно ниво. Два милони луѓе во светот се на дијализа.

И во Северна Македонија според статистиката еден од 10 возрасни или околу 200 000 граѓани имаат некоја форма на бубрежно заболување. Во краен стадиум на болеста (стадиум 5 – кога двата бубрега повеќе не можат да ги извршуваат функциите кои се од витално значење за организмот) кога е неопходно да се лекуваат со дијализа има околу 1600 пациенти, во 23 центри за дијализа.

ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија организира настан по повод одбележување на Светски ден на бубрегот на кој се најавуваат обараќања на сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска и на министерот за здравство Беким Сали, како и лекари од клиниките за нефрологија, за кардиологија и за ендокринологија, и од Здруженија на пациенти и пациент со трансплантиран бубрег и
донор на бубрег.

Дијализата е најчесто застапен метод во нашата земја за третирање на крајниот стадиум на бубрежната болест, наведуваат од Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон кое од 2007 година се прикличи кон светската кампања на меѓународните организации ISN и IFKF за одбележување на World Kidney Day.

Извор и фото : novatv.mk

Facebook Коментари