Денеска се одбележува Светскиот ден на здравјето, кој се слави за да се привлече вниманието на одредена здравствена тема која ги засега луѓето ширум светот.
Во 1948 година, земјите од светот се обединија и ја основаа СЗО за да го промовираат здравјето, да го чуваат светот безбеден и да се грижат за ранливите, така што секој, секаде да може да постигне највисоко ниво на здравје и благосостојба.
Правото на здравје е основно човеково право. Секој човек мора да има пристап до потребните здравствени услуги, во време и место кога ни се потребни, без финансиски тешкотии.
Со децении, СЗО се справува со клучните предизвици на јавното здравје (заразни болести, вакцинација, ризик фактори, климатски промени како закана за здравјето, подобрување на здравјето на мајката и детето, социо-економски детерминанти на здравјето, унапредување на инклузијата) Напредокот сè уште е загрозен од опстојувањето на здравствени нееднаквости.
Светскиот ден на здравјето се одбележува со цел да се создаде свест за одредена, приоритетна здравствена тема. Периодов наназад имаше неверојатен напредок во заштитата на луѓето од болести и уништување, вклучително и искоренување на сипаниците, намалување на инциденцата на детска парализа за 99%, спасување на милиони животи преку детска вакцинација, намалување на смртноста на мајките и подобрување на здравје и благосостојба на милиони луѓе.
StrugaOnline
Facebook Коментари