Денеска се одбележува Светскиот ден на животната средина

- Македонија
49

Денеска се одбележува Светскиот ден на животната средина, креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година, на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се одбележува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот.

Станува збор за најзначајниот ден за поттикнување на глобалната свест за заштита на животната средина, кој има за цел да ги охрабри луѓето ширум светот да преземат конкретни чекори за заштита на животната средина и да водат грижа за планетата.

– Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ги унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина, се пропишува во член 43 од Уставот.

Покрај уставните определби за животната средина, во правниот поредок се нормирани и повеќе прописи кои ги регулираат заштитата и унапредувањето на животната средина во државава. Законот за животната средина, Законот за заштита на природата, Законот за управување со отпадот, Законот за водите, Законот за заштита од бучава во животната средина, Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, се дел од овие прописи.

StrugaOnline

Facebook Коментари