Денеска се празнува 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија

- Македонија
514

Македонија денеска одбележува 31 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Со убедливо мнозинство, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално, волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Новиот Устав беше усвоен  на 17 ноември 1991 година. Меѓународно ­правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181. полноправна членка на светската организација.

Facebook Коментари