Лев банер Десен банер

Денеска се празнува Водокрштение, Водокрст или Водопост

На еден ден пред празникот Богојавление Водици, православните верници  го празнуваат Водокрштение, Водокрст или Водопост.

Водокрст доаѓа од крштевањето односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост односно пост на вода.

Празникот Водици се празнува два дена. Првиот ден – 19 јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20 јануари е познат како Собир на Свети Јован Крстител, а уште се вика и Женски Водици. Вториот ден од празникот, Собор на Свети Јован Крстител, именден прославуваат Јовановци. Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените.

error: