Денеска се слави Рожденството на Пресвета Богородица

- Македонија
909

 Денеска се прославува Рожденство на Пресвета Богородица или Мала Богородица. Овој празник се смета за еден од 12-те големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Богородица е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Се слави на 8 септември според Јулијанскиот календар или на 21 септември според Грегоријанскиот календар.

Се верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа жените  оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Во чест на денот на раѓањето на Марија, Богородица, мајката на Исус Христос, христијанската црква го востановила празникот Мала Богородица.

 

Facebook Коментари