Денеска во земјава пристигнува втората пратка вакцини од Србија

- Македонија
570

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска на граничниот премин „Табановце“ ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.

 Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека настанот ќе се одржи во 13:30 часот на меѓуграничниот премин на македонско-српската граница.

На граничниот премин „Табановце“ на 14 овој месец стигна првата пратка од вакцини на „Фајзер“, од Република Србија. Првите 4.800 од предвидените 8.000 вакцини против COVID-19 на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ. Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот. Интерес за вакцинирање преку онлај апликацијата до вчера имаа иразено над 40.000 граѓани, а преку матичните лекари за вакцинирање се пријавени 12.652 лица.

извор: slobodnaevropa.mk

фото: архива

Facebook Коментари