Денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип

- Македонија
378

Денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип. Бесплатната вакцинација  е наменета за стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Пријавувањето се одвива на vakcinacija.mk каде што по пријавувањето, граѓаните кои спаѓаат во горенаведените групи добиваат термин.

 За граѓаните од Струга, вакцинацијата ќе се спроведува во Центарот за јавно здравје-подрачна единица Струга  во периодот од 07:30 до 15:00 часот.

Покрај бесплатните, обезбедени се и комерцијални вакцини, кои чинат 800 денари и за нив граѓаните може да се имунизираат без закажување термин.

Од Министерството за здравство информираа дека вакцините се од холандскиот производител „Абот“.

Вакцинацијата против сезонски грип, што е незадолжителна, е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

Facebook Коментари