Денеска започнуваат Богородичните пости

- Македонија
983

Како и секоја година, така и годинава на денешен датум (14-ти август) започнуваат Богородичните пости. Истите траат до 28 август ( кога се одбележува Успение на Пресвета Богородица). Според времетраењето,  ова е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена.

Постот во овој период од годината  е востановен во чест на Преображението Господово и Успението на Пресвета Богородица и се пости на следниов начин: од понеделник до петок се пости без масло, во сабота и недела се пости со масло, а на празникот Преображение се јаде и риба.

До празникот Преображение, пред да започне постот и за време на посните денови не се јаде грозје и смокви. Од празникот Преображение, кога и се благословува овошјето веќе е дозволено да се јаде и грозје и смокви.

Освен на телесниот, исто толку внимание треба да се посвети и на духовниот пост, а тоа подразбира правење добри дела, воздржување од секакви лоши мисли и секако важен дел од постот се молитвите, посебно оние молитви упатени кон Пресветата Богородица.

 

Facebook Коментари