Лев банер Десен банер

Деветнаесет години без нашиот Тоше Проески

Денеска се навршуваат 19 години од трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби нашата музичка икона Тоше Проески.

16-ти октомври секогаш ќе биде тажен ден, иако Тоше ни даде многу причини за насмевка. Неговите балади остануваат наши молитви, неговите хумани дела се патоказ за тоа како треба да живееме. Во спомен ни остануваат многуте концерти, насмевки, рефрени, солзи радосници и ежење од преполни концертни сали и вонсериска енергија која бевме благословени да ја почувствуваме. Со музика и хуманост скромното момче од Крушево го победи времето затоа што и после осумнаесет години е се уште присутен во нашите срца.

 

Тоше беше на чекор до светска кариера, која не се оствари поради трагичната несреќа, но неговите дела и понатаму ќе ги радуваат армијата фанови.

StrugaOnline

error: