Граѓаните на Република Северна Македонија денеска гласаат на десеттите парламентарни избори ( петти предвремени).
Со право на глас за предвремените парламентарни избори во избирачкиот список се 1.814.263 гласачи.
Според информациите на Државната изборна комисија од процентот на излезност до 11:00 часот правото на глас на ниво на држава го оствариле 11%, односно до 11:00 часот правото на глас го оствариле 199.495 граѓани.
Одзивот на гласачите по општините по изборна единица до 11:00 часот:
ИЕ1 – 13,7% (најголема излезеност има Општина Аеродром со 17,6%, Карпош 17,07, Кисела Вода 16,81%)
ИЕ2 – 9,64% (најголема излезеност има Општина Бутел 14,76%)
ИЕ3 – 13,08 % (најголема излезеност има Градско 19,03%, Крива Паланка речиси 17%, Лозово 17,03%, Пробиштип 20,69%)
ИЕ4 – 13,46% (најголема излезеност има Дојран 17,83%, Демир Капија 20,77%, Новаци 20,52%, Прилеп 16,55%)
ИЕ5 – 10,55% (најголема излезеност има Битола 16,91%, Демир Хисар 21,33%, Охрид 13,16%)
ИЕ6 – 6,04% (најголема излезеност има Тетово 8,13%)
На сите 3480 избирачки места гласањето се одвива непречено и не се пријавени се уште никакви инциденти на гласачките места.
Facebook Коментари