Лев банер Десен банер

До сабота забрана за движење на товарни возила кон Грција преку преминот Меџитлија“

Поради протест на грчките земјоделци, од денес, 8 јануари 2026 година, со почеток во 10:00 часот на Граничниот премин „Ники“ („Меџитлија“) ќе има забрана за движење на товарни возила, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Одлуката ќе биде на сила во наредните 48 часа, заклучно со сабота, 10 јануари 2026 година во 10:00 часот.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.

Извор: АМСМ фото: архива

StrugaOnline

error: