Лев банер Десен банер

Духовденска задушница

Православните христијани денеска ја одбележуваат Духовденската задушница.

Празникот се одбележува во чест на душите на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“.

На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

error: