Двапати неделно до Барселона, трипати до Лион – најавени и нови дестинации од скопскиот аеродром

- Македонија
161

Скопје од 3 мај се поврзува со Барселона и Лион по воздушен пат. Летовите ќе ги реализира Виз Eр со субвенции од Владата, потврдија денеска на прес-конференција ТАВ Македонија и Виз Ер.

На релација Барселона – Скопје ќе има по два лета неделно, во вторник и сабота, а до Лион три, во вторник, четврток и сабота.

Првиот лет од Скопје за Барселона ќе се реализира в сабота во 18:50 часот, а двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи.

Со финансиска поддршка од Владата на крајот на март требаше да стартува и летот Скопје – Дубаи со Флајдубаи, но е одложен за наесен. Олеснувањето на визниот режим што го најави Владата според раководството на ТАВ ќе донесе многу патници на најавената линија.

StrugaOnline

Facebook Коментари