ЕЛЕМ: Електроенергетската состојба стабилна

- Македонија
685

elem

Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количини енергија, соопшти денеска директорот на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски.

„Во првите седум денови од годинава АД ЕЛЕМ своето производство го има натфрлено за 10,9 проценти и во целост одговори на потребите на граѓаните и индустријата“, рече Мицкоски и додаде дека деновиве, откако земјата е зафатена со студен бран, потрошувачката на енергија е зголемена за 10-тина проценти во споредба со истиот период минатата година.

Мицкоски истакна дека АД ЕЛЕМ во целост ги има ставено на располагање сите свои производствени капацитети кои работат, а оти хидроелектраните се во резерва. Доколку дојде до зголемување на потребите на потрошувачите, компанијата ќе ги ставени во функција и ќе хидроелектраниците за да одговорат на потребите на потрошувачите.

Facebook Коментари