
Еминентни писатели, поети, академици, ќе учествуваат на Рациновите средби 2018, кои ќе бидат збогатени со нови научнисодржини и богата културно – уметничка програма.
Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес-конференција ја презентираше програмата на претстојното 55-то издание на културната манифестација „Рацинови средби”.
– За мене Рациновите средби треба да бидат една од трите најважни културни манифестации во Република Македонија заедно со Охридско културно лето и Струшките вечери на поезијата. Тоа, за жал, во моментов не е така. Затоа наш императив е да го вратиме стариот сјај на Рациновите средби и Велес повторно да биде препознатлив по Рацин
и Рациновите средби наместо по питијадата и други маргинални манифестации, рече Коцевски.
Извор: МИА
Strugaonline
Facebook Коментари