Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, ЕВН презеде низа мерки за заштита на здравјето на вработените и корисниците. Во целост ќе се почитуваат мерките и препораките од последната владина седница, а се однесуваат на справување со заканата од корона вирусот.
„Со цел намалување на заканата за ширење на вирусот, апелираме фрекфенцијата на корисници во приемните канцеларии во Корисничките енерго центри и во Инфо центарот во ГТЦ да се намали на минимум и да се користи и почитува електронскиот систем за ред на чекање.
Ве молиме посетите на приемните канцеларии да се прават само за неодложни барања и услуги. Следните 14 дена додека важат мерките за заштита нема да работи приемната канцеларија на ЕВН во Дебар.
За сите останати информации и услуги корисниците може да:
-
ја посетат нашата веб страна www.evn.mk
-
пратат допис на [email protected]
-
ги користат онлајн услугите на www.evnonline.mk
На корисничкиот портал www.evnonline.mk :
Без да се регистрираат може:
-
да се пријават за електронска фактура
-
брзо да платат фактури
Со регистрација на профилот достапни се услугите:
-
проверка и плаќање на долгови
-
преземање на копии од фактури од последните 12 месеци
-
увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил
-
барање за потврда за успешно плаќање
Корисниците ги повикуваме да ги применуваат и препораките од Светската здавствена организација и Министерството за здравство, поради тоа што општото здравје е резултат и на нашата лична односно индивидуална одговорност“, стои во соопштението на ЕВН.
Facebook Коментари