Бендот „Еye Cue“ со песната „Lost and found“ ќе ja претставува Македонија на 63-то издание на Евровизија, што годинава ќе се одржува во Лисабон, Португалија.
Автор на музика и текстот е Бојан Трајковски, а аранжманот е на продуцентот Дарко Димитров.
На распишаниот јавен повик пристигнале 382 композиции, а комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектираше 12 композиции.
Секоја од композициите во последниот круг од страна на комисијата беше рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање. По пребројувањето на гласовите, комисијата одлучи дека песната „Lost and found“ има убедливо најголем број гласови, информираат од МРТ, како носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија.
По повторното преслушување, комисијата според правилата, едногласно заклучила дека одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Ивановска.
Годинашниот Избор за песна на Евровизија ќе се одржи во Лисабон, Португалија, во период од 8-ми до 12-ти мај.
Според ждребувањето кое се одржа пред неколку недели, македонските претставници ќе настапат во втората половина од првата полуфинална вечер. Дополнително ќе се одредува која земја под кој реден број ќе настапува.
Strugaonline
Фото: МТВ
Facebook Коментари