Лев банер Десен банер

Фестивалот „Крик на жената“ по трет пат во Скопје

На ден 28.03.2018 од 19 часот во Клуб ресторанот МКЦ во Скопје по трет пат ќе се оддржи Крик на жената – Меѓународен  фестивал на поезија и уметност (Woman Scream – International Festival for Poetry and Art), ширум светот познат како Women Poets International Movement (Mujeres Poetas InternacionalMPI) кој потекнува од Доминиканската Република, а на меѓународно ниво е координиран од страна на поетесата Џаел Урибе (Jael Uribe) како Претседателка.

Националните координаторки за Македонија се поетесите Оливера Доцевска и Елена Пренџова, со поддршка на здружението „Јустиција“, во заедница со координаторите/ките од преку 30 држави од целиот свет, меѓу кои: Доминиканската Република, Шпанија, Мексико, Пуерто Рико, Аргентина, Франција, Луксембург, Италија, САД, Белгија, Норвешка, Луксембург, Канада, Грција, Австралија и многу други.

Фестивалот оваа година ќе се одржи во чест на мајките како водички на новите генерации, посветен на живот без насилство и родова рамноправност и во чест на мајките кои ги изгубиле своите ќерки, жртви на насилство. Мотото на меѓународниот фестивал оваа година е „Flashlights of Hope“ („Блесоци на надежта“).

Мотото на настанот во Македонија е – „20 дена по 8. март и шчо напраифме“?

Фестивалот претставува светски синџир на настани во текот на сиот месец март, каде што поети и поетеси, уметници и уметнички и организации од различни земји волонтираат во чест на жените и рамноправноста на жените и испраќаат пораки на самодоверба и почит, но и го зајакнуваат гласот против насилството врз жените.

Учествуваат:

 Панелистките: Билјана Дуковска  од Македонска Платформа против сиромаштија – МППС, Љатифа Сиковска од НВО Амбрела, Снежана Смилевска од Организација на жени Скопје , Наташа Доковска од Новинари за човекови права; Студио за танц „Вајб“ со модерен танц во кореографија на Милена Манева, како и салса перформанс во кореографија на Коста Андонов и Марта Арсовска; балетскиот перформанс на композиција на композиторката Дарија Андовска за фиксен медиум, во  кореографија на Елена Антонова Петровиќ и  изведба на ученици и ученички од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ и студенти и студентки од ФМУ (балетска педагогија); поетите и поетесите: Стефан Митиќ и Богосав Пејиќ од Лесковац, Србија, Немања Стојковиќ – Блеки  од Врање, Србија, Даниел Кубас Ромеро од Перу, Атанас Чупоски, Анета Василева, Пунторие Муча Зиба, Ирена Јурчева, Сања Атанасовска, Ана Љубиќ, Елена Пренџова, Џабир Дерала и Оливера Доцевска од Македонија; пејачот и пејачката Игор Узунов и Валентина Ѓорѓиевска Парго, а ќе има и ревија на модната креаторкаи Сара Реџиќ – Студио Сари Г, изложба на накит на Емануела Трајчевска, изложба на делата на ликовните уметници Јана Манева Чупоска, Иванка Баскар Апостолова, Тони и Еми Тоциновски, Лара Ташковска Ларсон, како и изложба на уметничка фотографија на фотографот Цветан Гавровски.

Фестивалот го поддржуваат: UN Women, Градоначалникот на Општина Центар и Општина Центар, МКЦ Клуб ресторанот, Македонската платформа против сиромаштија – МППС, Tурското здружение YENİ Yildiz TÜRK Derneği „НОВА ЅВЕЗДА”, НВО „Амбрела“ – Скопје, Организација на жени Скопје, Новинари за човекови права, уметничкото студио „Фантаст“, студиото за танц „Вајб“ Скопје, Студио Сари Г, ЦИВИЛ – Центар за слобода, НВО „Јустиција“ и портаите civilmedia.mk и budnost.mk.

Strugaonline

error: