Филипче: Ако не се почитуваат мерките, можно е да има нов, мини пик

- Македонија
633

Значајно е намален факторот на преносливост на коронавирусот,  но можен е нов, мини пик на заразата доколку не се почитуваат препораките, нагласи денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додава дека по подолг временски период значително е намален и притисокот врз зрдавствениот систем, односно има слободни кревети во болниците.

– Бројките се намалуваат значајно на новодијагностицираните, се намалува факторот на преносливост, се намалува бројот на пациенти што треба да се хоспитализираат. Болниците се практично полупразни, на инфективната клиника после долг период има над 30 кревети слободни и на интерните клиники над 100, а претходно беа слободни меѓу 20 и 30 кревети. Спласнува притисокот врз здравствениот систем. Можно е да има некаков мини пик понатаму, веројано би се должел на непочитување на мерките, но се покажа дека со овие препораки, со затворање на угостителските објекти имаме сериозен значаен ефект, рече Филипче.

Министерот изрази надеж дека граѓаните ќе ги почитуваат мерките и за време на празниците.

Facebook Коментари