Филипче- Ако новиот пакет мерки не даде резултат, ќе следува полициски час

- Македонија
551

Капацитетите во болниците продолжуваат да се пополнуваат, ситуацијата со коронавирусот е навистина сериозна-информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Пратејќи ги сите овие трендови, анализирајќи ги сите овие нови бројки на заразени, нешто што и беше очекувано и го најавувавме и се случува насекаде во регионот и Европа, на Владата за утрешната седница ќе и предложиме сите економски оператори да работата до 23 часот, ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 проценти и препорака  до целата државна јавна администрација работниот процес се одвива во смени или онлајн од одма или редуцирано со систем на ротации.“ – истакна министерот.

Тој предупреди дека доколку овие мерки не дадат резултат следен чекор би бил целосно ограничување на движењето, односно полициски час.

 

Facebook Коментари