Информацијата дека авансот што Македонија го даде за кинеските вакцини e вратен, ја разбранува јавноста. Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека тоа не значи дека нема да добиеме вакцини.
-Кинеските вакцини пристигаат многу брзо, во моментов ги финализираме деталите. Авансот за вакцината Синофарм го повлeковме за наша сигурност, но тоа не значи дека вакцините нема да стигнат. Во однос на вакцините преку КОВАКС механизмот, тоа што го имаме добиено како информација од нив е дека 20 до 30 илјади вакцини ќе стигнат во првиот квартал од производителот Астра Зенека. Вакцинацијата со Фајзер одлично се одвива и околу 2400 здравствени работници се веќе вакцинирани. Следната недела бројката ќе достигне до 4000 и вакцина ќе примат сите здравствени работници кои работат со Ковид пациенти.-изјави Филипче.
Facebook Коментари