Филипче: Ќе биде предложено за Велигден и Бајрам да нема полициски час

- Македонија
874

„Да се отворат летните тераси во сите угостителски објекти, полицискиот час да се скрати и да започне од 21:00 часот, а за празниците Велигден, тоа е сабота кон недела и 12-ти кон 13-ти, кога се слави рамазан Бајрам, да нема полициски час“- ваков предлог од Комисијата за заразни болести ќе добие Владата, информираше министерот Филипче во изјава за медиумите.

Тој додаде дека ваквиот предлог доаѓа благодарение на тоа што значително е намален притисокот врз болниците и досегашните мерки дадоа резултати.

-Процесот на вакцинација после Велигден, во главно со кинеските вакцини кои ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови очекуваме да ја смени сликата за пандемијата-додаде Филипче кој апелираше граѓаните и понатаму да бидат максимално внимателни и да ги почитуваат мерките.

За новиот предлог на Комисијата за заразни болести владата ќе одлучува на утрешната седница.

Strugaonline

Facebook Коментари