Предлог план за намалување на мерките кој ќе се одвива во неколку фази, најави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Предлогот е подготвен од страна на комисијата за заштита од заразни болести, истиот предвидува неделава да се отворат центрите за едукација, семинари на возрасни, авто школи, спортски тренинзи на отворено за индивидуани спортови, тенис и неугостителски шалтерски дејности и затворените трговски центри, односно моловите.
Министерот нагласи дека остануваат во сила задолженијата за социјална дистанца и заштитни маски.
По увид во новата епидемиолошка анализа , следната недела би можело да се разгледува отворањето на угостителските објекти, а неделата потоа и игрите на среќа и спортовите во затворен простор.
Предлогот на Комисијата, преку Министерството за здравство ќе биде доставен до Владата.
Strugaonline
Facebook Коментари