-Одржувајте два метра растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе. На овој начин го спречувате ширањето на коронавирусот и спасувате животи, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Во својот пост, министерот посочува дека граѓаните во период на инкубација, може да се преносители на болеста, а да не се свесни за тоа.
– Доколку имате симптоми, не се доближувајте до повозрасните, кои се во најголем ризик од овој вирус, апелира Филипче.
Strugaonline
Facebook Коментари