Филипче: Остануваме со актуелните мерки, нема доволно информации за новиот сој
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека не е планирано предлагање нови рестриктивни мерки.

Тој додаде дека на утрешната седница ќе дебатираат за финансиската стимулација за матичните лекари, со која тие ќе добијат по 30 денари од пациент, ако убедат 70% од нивните пациенти да се вакцинираат.
„Опфатени се околу 1.500 матични лекари. Тоа би било еден бонус, кој ќе го добијат. Веќе разговарав со дел од колегите. Тие треба преку комуникација, апели, повици да ги убедат граѓаните да се вакцинираат. На влада ќе зборуваме за сите предложени мерки. Ќе биде поголем фокус. Матичните лекари имаат апсолутно право да ги мотивираат пациентите да се вакцинираат“, вели Филипче.

